вторник, март 21, 2006

Одмин

Ние, луѓето, клетници сме небидни,
душите и срцата наши се изѕемнати.
Никаде сонце, сал горчила,
а ни светлина да ги открои, растопи.

Дури ни ноќта таговна, пресветла,
а ни ѕвездената синевина,
не може да ги насмее, развесели,
нашите лица корави, смуртени.

Седиме, таговни, сосила лажно се смееме,
немо, слепо, а ни со поглед бегол,
полека, напати трчајќи, бледнееме,
и убавините ги одминуваме!

Оваа песна е за да не ме прашува никој за моите стихови и нивната симболика!

Плач

Како на крстопат оставено
За пеколните пцишта и злодуси,
Бебешки плач се слуша,
А светот немо одминува.

Плач, но не за мртвите души,
Ниту за радоста изгубена!

Околу сал смрт и сивила,
Блед лик, солза горка, горчила,
плач и околу никој, никаде,
А светот врви, немо, полека.

Не гледа, а очи скоравени,
Не слуша, а пискот душа разрива!

Полека, како последна капка пркос,
Бебешко око се отвора и гледа,
Немо раче кон небото се крева
Со последен здив, со воздишка, умира.

Коска, ситна, камен се сторила,
И скелетно раче стои, обвинува!

сабота, март 18, 2006

РК Кометал Ѓорче Петров - срамотилаци, беда! Тињи бесполезни!

Обично не пишувам текстови. Барем не на блог. Поет сум повеќе деновиве, но, морам понекогаш и прозно да се искажам.

Ретко, во исклучителни моменти како сега.

Нејсе, морам да напишам барем збор-два, бидејќи, иако сум Нераен, нели, сепак ми се снеарни се денес, а се поради оние килави кукумјавки, тињи бесполезни од РК Кометал Ѓорче Петров кои не знаат да си ја завршат работата како што треба и потоа сите им се виновни, дури и влакненцата на дундите, утре, ќе им бидат виновни.

Нормално, од готово, вересија си направија.

Водеа на два пати со 5 разлика, неколку пати со 4, за на крај пред крај натпреварот да го победат со резултат кој не ги води понатаму.

29-27.

Сега, од утре, ќе се изнаслушаме колку судиите се виновни, колку не се тие самите.
Ете, се трудеа, гинеа на теренот, ама лоша среќа. Така било во спортот....итн.
Зошто тогаш на неколку минути пред крај сите беа окезени, чиниш устата ќе им го расцепи лицето, при 4 разлика за нив. Зошто си правеа финтици додека противникот како така им нанижа голови и им намали водството на дури еде разлика на 22 секунди пред крај?
Зарем не знаат, пичка ли им лепа материна дека натпревар се игра цело време, до крај, а не кога на нив ќе им прдне?

Нејсе, мислев дека ќе победат со повеќе од три разлика и ќе ги огрее насмев сите оние чии гемии одамна потонале.

Во оваа денешница, кога наоколу има саде смуртени лица, кога никому не му е до насмевка. Кога се околу нас се распаѓа Кометал Ѓорче на многумина им беше последнаат надеж за да се радуваат, гордеат.

А оние курвицине неспособни, а преплатени, и тоа им го одземаа на многумина.

Не знам, не можам понатаму да пишувам. не ми доаѓаат никакви мисли, а оние кои ми лунѕаат во главата не се за на хартија.

РК Кометал Ѓорче Петров иако имаше огромна шанса за полуфинале и финале, иако водеше со 20-25, со 27-23, го заврши натпреварот со 29-27, недоволно за понатаму, а со тоа, ја избриша и онаа малечка надеж на мнозина македонци за насмевка, за светлина по дождот, за среќа на крајот од ѕуницата.

Благодарам ракометарки. Само така продолжете. И вие и сивилото околу нас. Благодарам Кометалки, бесполезници едни. Тињи.

А ти Македонијо! И ти, бедна си, бедна ќе останеш само ако вака се продолжи.

петок, март 17, 2006

Love light

Those warm distant gardens of Eden
Are home now for you,
But you home is within us
And forever will be.

It is only that we see the darkness
In memories from not so long ago
When sadness takes over our souls
And heavy thoughts roam in our minds.

For the icy depths of our sorrow
And the darkness within,
You’re melting with your love light
That you send us from above.

And the light can never go away
As it shines in our hearts
You are with us always
Forever to light our way.

40 денови сеќавања!

Светлина на љубовта

Оние топли рајски градини
Се твојот дом сегашен,
Но домот твој е и во нас
И засекогаш ќе биде.

Напати темина гледаме
Во сеќавања недамнешни
Кога тага ни обвива душата
И тешки мисли в умот ни талкаат.

Но мранѕулните бездни на болката наша
И теминната в нас
Ги топиш со твојта светлина на љубовта
Што одозгора ни ја праќаш.

Таа светлина никогаш не може замине
Бидејќи в срцата ни светли
А Ти вечно со нас ќе си
Осветлувајќи ни го патот.

40 days od memories

среда, март 01, 2006

Hopelessness

As prisoners of their own despair
They seat silent, fading.
Hopeless, gazing into nothing
They slowly start to die.

Unable to find hope,
As they have never tried,
Just cursing their misfortune
They seat stiff and lost.

Like deaf are they to the world,
Looking, but not seeing
The beauties within their grasp.

They are beyond help and shut.
If only they would listen,
To the birds and the seas,
Merry, bringing joy
They will stand again and alive.

But, as is their wont,
They remain as they are.
Still despairing, cursing,
Filled with hopelessness.

Guestbook
Your name? **
Your suggestions for improving my homepage:
Is this your first visit to my homepage?
Yes
No
This message is private