Плач
Како на крстопат оставено
За пеколните пцишта и злодуси,
Бебешки плач се слуша,
А светот немо одминува.
Плач, но не за мртвите души,
Ниту за радоста изгубена!
Околу сал смрт и сивила,
Блед лик, солза горка, горчила,
плач и околу никој, никаде,
А светот врви, немо, полека.
Не гледа, а очи скоравени,
Не слуша, а пискот душа разрива!
Полека, како последна капка пркос,
Бебешко око се отвора и гледа,
Немо раче кон небото се крева
Со последен здив, со воздишка, умира.
Коска, ситна, камен се сторила,
И скелетно раче стои, обвинува!
2 Comments:
Не знам каде повеќе се ежам дури ги читам песниве на blog.com.mk или можеби овде.Секоја чест.
Wherever you feel more true.
Thanks
Објави коментар
<< Home