Каде што ангелите одат
Одстојав сам, сникаквен и никаде,
Втренчен в далечини,
Со поглед, здуман в лицето
Загубен, длабоко в мисли
Заплакав, крвави солзи ме смрзнуваат.
И плачев
И се насмеав
И знаев!
Дека нејзината љубов е тука, со нас,
Како секогаш и никојпат повеќе
Таа танцува над нас, горе
В градините рајски
Смеејќи се над нас, љубејќи не, пазејќи.
И плачев,
И се смеам
И знам!
Повторно, стоeјќи на врв планина
Скршен и изгубен, сам, барам,
А видов оган светлина,
Над нас, на темното и облачно небо,
Незјината виленска насмевка, и патот свој го пронајдов.
О Таа се насмевна,
И јас знам,
Засекогаш!!!!
Посветена на мојата драга баба Нада кој отиде да провери дали и таму, на небото, истотака, како и тука, ангелите танцуваат босоноги во рајската градина!!!
1 Comments:
Нада, колку убаво име!
Нека и' живее духот низ времето, како што азното наше македонско, ечи низ вековите.
Саноќ бре Наде, саноќ не спијам,
Пред порти чекам, јас да те видам.
Очи ми солзат, срце тагува,
За нашата пуста, бре Наде, тешка разделба.
Барем излези Наде, пред порти,
Да ти го видам белото лице.
Белото лице, црните очи,
И тие, лично бре Наде, гајтан веѓи.
Не можам, Ѓорѓи либе, не можам,
Мајка ми, уште и татко ми не дават.
Мајка ми Ѓорѓи порти заклучи,
Татко ми, либе Ѓорѓи, пенџер соѕида.
Бог ќе им прости Наде, на мајка ти,
На мајка ти, уште и на татко ти.
Порти ќе турнам, пенџер ќе срушам,
И тебе, лично бре Наде, јас ќе те земам.
Објави коментар
<< Home