Нова ѕвезда изискри!
Нова ѕвезда на небото изискри, засјаи
Не заслепи од љубовта в неа исткаена
од среќата в песна опеана,
а пред нас искажана.
Блеснавме и ние, смртници на земјава црна
што на небеса, со милост божја се искачиле,
богови, пред нас испречени, насмеани
ваква љубов голема, благословуваат.
Неми останавме, в срце радост изблик снедривме
за нив, двајцата вљубени, воздигнати
што љубовта в брак ја крунисаа
и место до боговите си резервираа.
Посветена на едни мои мошне драги пријатели!
3 Comments:
Коментаров го отстрани администратор на блог.
Koj bi rekol deka moron kako tebe moze da sklopi dva reda zborovi. Iako ti se cisto sranje pesnickive, ete zosto znaes nekako da gi povrzes zborovite ti davam + !
хе хее анонимусов некој љубоморен блогер од авион се гледа, абе како мали деца сте :))))
Објави коментар
<< Home