Гибел
Гибел
Дал сонувам труби траурни и фанфари,
ил' буден се поревам и слушам,
мајки и деца, плачат и пискаат,
виулици и ветришта фучат,
а молњи земја косат, грубеат.
Место светлина, бледо и морничаво, в црнила,
како танц на темни снегулки, одгоре паѓаат,
од небото галеби, со крилја скршени
и мртви души на ангели и демони,
струполени на почва корава, татковци умираат.
Прав и пепел се престораат,
како никогаш да не биле,
ни рај, ни пекол, ни Бог ни ѓавол,
саде гибел, мракој и ѕемнила.
0 Comments:
Објави коментар
<< Home