петок, јуни 02, 2006

No title song! Без наслов песна!

Немам наслов, ако некој има идеја, нека каже, ако ми се допадне ќе му ја посветам нему или нејзе во книгата!

Околу мене поле широко,
и гора полна ѕверови,
до мене корија непроодна,
крепост темна и загадочна,
од дамнина полна сеќавања.

На врв планина висока,
а чиниш до мене, со мене,
под рака патуваат облаци,
некојпат таговни, виснале,
некојпат весели блеснале.

Ѕвездите ми се постела,
ноќта темна покривка,
месечината чувар во самотија,
а волците мои другари
и орлите очи мои, свевидни.

4 Comments:

At 8:56 претпл., Anonymous Анонимен said...

Dobi li ovaa prekrasna pesna naslov?

 
At 2:07 попл., Blogger Биџо said...

Се разбира, таа одамна има наслов:
Сослиција!

 
At 9:06 попл., Anonymous Анонимен said...

Убаво и прилега :)

 
At 3:30 попл., Blogger Биџо said...

Благодарам.

 

Објави коментар

<< Home

Guestbook
Your name? **
Your suggestions for improving my homepage:
Is this your first visit to my homepage?
Yes
No
This message is private