Нова ѕвезда изискри!

Нова ѕвезда на небото изискри, засјаи
Не заслепи од љубовта в неа исткаена
од среќата в песна опеана,
а пред нас искажана.
Блеснавме и ние, смртници на земјава црна
што на небеса, со милост божја се искачиле,
богови, пред нас испречени, насмеани
ваква љубов голема, благословуваат.
Неми останавме, в срце радост изблик снедривме
за нив, двајцата вљубени, воздигнати
што љубовта в брак ја крунисаа
и место до боговите си резервираа.
Посветена на едни мои мошне драги пријатели!