Коцкар
Пциштата пеколни итаат низ ноќта барајќи пијани чувства, обидувајќи се да ја украдат самата суштина на љубовта, само птичјиот пој на загубените гулапчиња ги попречува во потрагата. Се прашувам, дали му е на ѓаволот здодевно или му недостига некоја душа на пеколот? Котлите што вечно вријат се пареат, душекрици ми го разпарчуваат умот. Да се напијам ли уште една голтка или да одам да спијам: Кому му е потребен рајот кога сите мои пријатели се во пеколот? Можеби ќе ги видам повторно. В ред, одамна на друга си ја ветив душата, не е моја да ја дарувам никому. Нејсе, уште една голтка пред пат. Долг е патот дотаму, доле. Хммм...мирисам изгорено тело. Не е важно, не е моето. Да одам да видам? Заборавете. Пијалакот е пред мене. Заровите се тркалаат. Ќе се случи нешто. Месечината е крвава. Зло има наоколу. Или е можеби мојата фантазија додека го чекам возот. Толку многу нешта, а толку малку време за пиење. Попијан од ирски виленик, помртов од божиќна елка.
Довидување. Возот пристигна. Ме носи каде што никој не спие. Каде што ми се пријателите. Можеби ќе ве видам и вас некој ден исто така. Никогаш не се знае!
Возот пристигна на последната станица. Ме пречека троглавиот Кребер, гаден пес. Со него е и еден свиен во плеќите, како Квазимодо со грпка. Посака да ми помогне околу ранецот. Кој носи не проси, си понесов неколку џемпери, не попусто рекле, when Hell freezes over, а јас имам подолг престој, можеби ќе дочекам. Да не ми достуди навикнат на мемлавата миризма и горештината. Понав да се потам, да го цедам алкохолот од телово, да се трезнам. Неописливо гадно чувство, морав да се напијам. Застанав и ја грабнав матарката. Топла водка. Ужас, ама за повисока цел. Среќа понесов од онаа матарка што никогаш не се празни, секоја голтка се надополнува. Колку што сум упатен, секој може да понесе две нешта со себе кога оди на подолг престој. Јас, секако матарката веднаш ја спакував, а околу второто се думав долго. Барем додека не се опијанив. Потоа се беше лесно. Табакерата. Нормално, каде се видело и чуло да се налева некој без цигара. Јас не сум будала. Само доброволец. Вечен. За се. Пијаница никако, а сепак пијам секојдневно. Нема назад, помислив, нема враќање. Или има, ама сеуште е рано на тоа да се размислува. Дали земав преслека, долна облека ми провеи низ главата. Што е важно. Барем има топла вода. Не мора да ја измислувам повторно. Ќе перам почесто. Се прашувам, колку време ќе ми треба да му ги соберам парите на Лиуцифер. Манијак бил по коцкање, а јас сум најдобриот. Дури и животот не можев да си го прокоцкам. Ќе биде интересно. Јас против него и сета негова моќ на урнисан ангел. Повторно сам против сите. Не верувам дека ќе ми биде потребно многу. Што потоа, се прашувам? Што кога ќе снема пари. Во што ќе се коцкам. Со Смртта се искоцкав да не умирам. Со Луцифер немам идеја. Не ми се презема пеколот. Чуму ќе ми е. Бездруго тоа ќе ми го понуди. Будала. Ако загуби, а тоа е една од неминовните вистини, каде ќе го сместам. Жив ќе го одерат ако го фрлам во казанот со останатите. Да ми додева постојано ако го задржам тука, некаде, крај мене, не сакам. Не сум будала. Можеби луд, ама будала никогаш. Среќлија. Ќе ми дотекне нешто.Ту, ама смрди. Ќе се навикнам. Секој се навикнал. Полека се движиме по патеката која води до дворецот изграден од коските на поразените во дамнешната битка за премоќ на небото. Најмилиот ангел, сега шеф на подземјето. Потоа се прашуваме од каде кај луѓето такви идеи. Кој ако не ближниот. И Цезар бил убиен од Брут. И од другите, ама Брут прв му го зарива ножот. И тие двајцата се тука некаде. Можеби ќе ги ставам заедно. Некое време ќе биде интересно да гледам како се препираат. Оваа жега е неснослива, ме трезни со исто темпо со кое се опивам. Умна работа направив што фрлив зар со Дедо Мраз. Место вреќата со подароци му ја собрав матарката. А ми ја нудеше. Веројатно да ме прелаже. Да морам да му ја вршам работата. Матарката е чудна работа, плачеше по неа. Сега нема што да го загрее на Нова година. Не е проблем за него, еден ден во годината и се жали. Да помисли човек дека е алокохличар. Досадно е. Не требаше да играм во бесмртност. Проклетана Смрт не сака реванш. Вели победникот нема право да бара реванш. Малодушен станувам. Се трезнам веројатно, треба повеќе да пијам. Додека се навикнам. Дојдовме. Овој грбавиот ме нервира. Тој ќе го одерам, нека пишти. Мора ли цело време да ми раскажува дека Луцифер нема досега загубено на коцка. Знам, затоа дојдов, да проверам. За се има прв пат со мене. Среќлија сум. Не сум јас виновен, наречниците, лути на татко ми, на третата вечер кога сум се родил, ме проколнале никогаш да не загубам облог. Ќе отспијам. Потоа можеби ќе се прошетам малку. Велат убави жени имало. Не знам. Ќе видам. Мене, сепак, сеуште ми се мислите на друго место, кај друга девојка. Уморен сум веќе. Со ноќи немам спиено. Време е да дремнам.
Се одморив, убава починка, ми требаше малку дремеж, сон. Одам да се прошетам. Можеби ќе најдам некоја загубена душа, карти да поиграм, верувам дека ќе најдам, пеколот е полн со небидници. Ќе се срди Луцифер, ама има време, нашето допрва доаѓа. Нејсе, одам. Чекорам по единствената патека која е поплочена, не ни помислувам да погледам со што, веројатно со нечија бол, нечија мака. Рекле старите, кој што си надробил, тоа ќе си срка. Вечната мака. Не знам кој би сакал во рајот, здодевно е таму. Веројатно оние на кои животот им минал во досада. Мене не. Однекаде пак се појави квазимодоно, ме дрпа за ракав, сака нешто да ми шепне. Смрди на мртво, на полошо, на полуживо, во распад. Да не ги навредам творовите, овој, ужас. Виде дека го игнонирирам. Трчка до мене. Се мислам, дали ќе ги најдам курвите од Гомора, велат поубави биле од Содмочанките. Се прашувам дали требаше да ја прифатам поканава. Кого лажам, себе си? Секако дека требаше, кој друг ако не јас. Од досада и вреќа сол ќе изголтам без да се загрцнам. Пареава ме цеди, се сушам од врелинава, покрај мене кломбурци од вжештена мемлива глина. Глетка невидена, кој не видел вакво нешто не знае што е лудило. Одвреме навреме ќе здогледам некој во далечината, мислев дека тука сите се напикани во понекоја дупка, котел, ги тепаат, мачат, малтретираат. Досега не сретнав, не видов такво нешто. Можеби се на годишен одмор. Пцишта лаат, зарем и во пеколот ме следат лавежите на сите души кои ги одзедов, на сите животи кои ги урнисав, уништив? Ќе треба да го прашам Луцифер, ако не е премногу лут што го оставив да дреме сам во салата со престолот. Оставив порака на креденецот дека одам да се подготвам психички. Дека морам првин да разгледам, да се навикнам, да не бидам деконцентриран. Мора малку да лажеме, иако мислам дека знае дека сум таков, едноставно ништо не ме држи подолг период, ништо не ми е интересно освен трагањето. Борбата да се стигне до целта, а кога таа ќе се освои...не знам, потоа се губи смисол. Овој грбавиот почнува повторно да ме трга за ракавот. Ми шепти со коравта муцка полна акни вулгарис. Колку е гаден. Нејсе, барем ми кажа дека напред има бордел. Убаво, можеби ќе најдам некоја да ме измасира ментално, да ми раскажува како не и е местото тука, како кутрата по грешка паднала на приемен за во рајот. Или ја фатиле како мами на тестот.
Луцкаст сум, нели. Секој е невин. Дури и Чарлс Менсон е невин ако го прашате. Тој, мисли, верува дека така требало да стори, дека не е виновен, напротив треба да му се даде медал што го ослободил светот од никаквеци невредни. Можеби тука се неговите жртви. Веројатно. Ќе прашам каде се, да ги посетам. Да ги прашам дали навистина чувствуваат без и лутина кон него или му простиле. Не сум нормален, ама барем ми е убаво. Пијан сум. Кога сум бил трезен последен пат? Не се сеќавам. Што друго освен да пијам и да се коцкам. Пциштана лаат погласно, им се приближувам. На што или на кого му лаат? Велат дека навечер, Луцифер ги пушта во горниот свет, меѓу луѓето, преправени, да збираат залутани души и предвреме да му ги носат. И тој си има мака. Да бидеш прв меѓу првите, да се возгордееш и да паднеш. Колку грешна претпоставка. Мислам дека е сто тоа сторено во дослух со бога. Требало да се исчисти куколот меѓу нагелите, акој тоа подобро отколку највериот, најблискиот. Секое пријателство е засновано на доверба, но и на одрекнувања. Се одрекнале од заемните секојдневни разговори затоа што му требло некој доверчив да го води пеколот. Барем јас така мислам. Се договориле. Ти доле, јас горе, а ќе се гледаме на полугодишни состаноци да утврдиме кој колку души успеал да земе за шесте месеци. Ниту рајот не смее да биде преполн, ниту пеколот да има ексклузивитет.
Сега гледам. Пциштана си лаат меѓусебно, се расправаат за некое парче мрша. Не ми лаеле мене. Не сакам кога ми лаат. Подобро ми е кога не ме гледаат. Имав еден пес, ама ми умре, со сопствени раце го закопав. Многу го сакав, веројатно последен пат кога проплакав беше кога му го спуштив мртвото тело во гробот. Додуше си плачам одвреме навреме, ама од депресијава, алкохолот.
Борделот е убав, однадвор е како во барокнен стил, на вратата има големо звоно, старинско. Послугата е облечена во ливреи, убаво, убаво. Со стил. Шанкот е во стил, од дабово, со темен лак излакирано, дрво. Барменот, како и секој друг, постојано да се најде во работа го брише и пребришува. Лицата околу се сите омацулени, како покајници. Само јас отскокнувам. Имаат ирско виски. Допра нема да стигнам на вечерата со Луцифер. Можеби ќе го пуштам квазимодото да му пренсе дека сум тука. Ако сака нека ми се придружи. Негов избор. Се појави однекаде полуголи девојки. Згодни. Се разбира, само грдите се во рајот. Чедни, невини, безгрешни бидејќи никој не ги посакал. Кого лажам. Нема девојки во рајот. Нема девојка грда. Сите се убави, некоја повеќе, некоја помалку, ама сите се убави. Милни се, а овие тука се прекрасни. Високи, ниски, цилцести, газлести. Бринети, црнки, русокоси. Секакви. Дефинитивно нека дојде тука Луцифер, јас не мрдам никаде. Барем додека не ги освојам сите. Трета чаша Бушмилс. Ужас, од каде нашле мраз во пеколот. Треба да прашам. Сега за сега е убаво. Можеби е увозен. Го увезле од рајот. Што ќе им е таму кога е забрането да пијат. Која досада е тој рајот. Да дремеш цело послеживотие во танц, низ градини, а да не можеш ни капка да се напиеш, зар да фрлиш, да штипнеш убава девојка за лице, да пипнеш цврст задник, да легнеш со некоја. Ужас.Му пишав на Луцифер да дојде. Мислам дека ќе дојде. Не е ни тој будала. Подобро во друштво отколку да чмае. Башка има жени. Одам да ги гњавам. Поезија да им раскажувам. Се обложив со барменот дека сите ќе ги соберам на маса кај мене. Се мислам овој облог намерно да го загунам. Одвреме навреме правам така. Намерно губам ситни облози за да не ми биде здодевно. Сепак, на крај, пак победувам. И таа, од љубопитност, од завист, од која знае која причина ќе дојде на маса, кај мене и ќе загубам. Колку и да се трудам. Онаа, црвенокосата ме потсеќа на Маиред од Ирска. Таа ме научи да пијам ирско виски. Ама од инает кон неа почнав место Џејмисон да пијам Бушмилс. Џејмисон е од Република Ирска, од католичкиот дел, а Бушмилс е од Северна, од протестантскиот, англиканскиот дел. Не сум идиот нели.
Онаа бринетата ми го фати окото. Седи сама на шанк, најпристојно е облечена. Ме заинтригира зошто е сама. Ќе одам да видам.
Интересно, да седиш сам во бордел, да си жена, девојка, пристојно облечена. Не ми се чини дека е од оние, на работа дојдени. Ќе ја прашам. Да испијам уште едно. Се трезнам побргу од вообичаено. Топлината го чини своето. Најверојатно е дојдена на почивка. Наслушнав дека одвреме навреме Луцифер има давал починка на одредени групи на маченици, на оние кои одамна не излегле до котелот. Влегоа познати лица во барот. Сите мои загубени пријатели. Се прават дека не ме познаваат. Знам дека сум истиот. Веројатно чуле за партијата карти. Се мислам дека се плашат да ме поздрават, да дојдат рака да пружат. Или се плашат случајно да не им се налути Луцифер ако ме поздрават. Или пак не знаат како да прашаат што мислам да правам кога ќе го добијам пеколот во владеење по партијата. Знаат дека не губам. Никогаш. Но, и Луцифер досега нема загубено, а искусен коцкар е. Мислам дека убаво ќе се дружам со девојката. Дојдена била да известува за партијата карти. Слободен стрелец. Новинар. Знаев дека не е курва. Симпатично. Не знаев дека Луцифер планира да има прес покривање. Пие водка, со мраз. Без лимон. Убави раце има. Нежни, кадифена кожа. Убаво е во оваа бедотија да се погали таква кожа. Сигурно е добра во кревет. Запотени тела, на оваа врелина, испреплетени раце, нозе, замислувам ккао моите раце ја опипуваат, милуваат, како го истражувам секој дел од нејзиното сензуално тело. Како полека продирам во неа и полека се доближуваме до екстазата. Се трезнам штом ми доаѓаат вакви мисли. Можеби нема да сака да легне со мене. Има лек и за тоа. Секој е коцкар на свој начин, доволно е да откријам која е нејзината игра и да јадобијам. Чудна работа, секој сака да се обиде, да биде првиот што ќе ме победи. Малку ми е непријатно од пријателите. Под око погледнуваат кон мене. Ќе се направам фраер. Јас сепак дојдов тука нагости. Тие се домаќини. Редно е да поминат и да се поздрават. Се што можам за нив да сторам е да им испратам една тура.
Девојката прифати да одиграме партија бриџ. Била експерт. Моја е, знам. Додека ги межа картите гледам како полека се редат џокерите кај мене, како се подредуваат една по друга по боја и големина. не е ненормално. Ќе треба да се потрудам малку повеќе за веднаш да не затворам. Не е интересно. Поинтересно ќе биде потоа. Новинар без талент за пишување не е веќе новинар. А талентот е исто така нешто што лесно може да го загуби. Има нешто во нејзиниот поглед. Длабоко продира. Мислам дека намерно посака да се коцка со мене. сака да загуби. сака да ја добијам. Ме гали, милува за раката во која ја држам чашата. Да не беше од најголема важност никогаш да не се отрезнам ќе ми беше поубаво. Вака, морам да се потргнам. Нека ме гали за другата, за лицето. Каде сака. Само не за раката во која ми е чашата. Барменто ми донесе нова тура. Колку побргу пијам побргу ќе останам пијан на врелината. Ме возбудува начинот на кој дише. Градите и се креваат и спуштаат во ритам на начин на кој сакам да водам љубов со неа. Гледам дека се заинтересираа сите за играта. Држам извонредни карти. Време е за победа. Нормално, го прифати поразот како дама. Со бакнежги спушти нејзините карти. Никако не можеше да победи и знаеше. Ме бакна зад увото. ме покани кај неа во соба. Подоцна. Приквечер. Сега е време за музика. Што да пуштам. Ќе пуштам Sisters of Mercy. Некако сум расположен за нив. За Floodland. Убаво се пие на нив. Повторно дојде квазимодото. Ми тутна ливче во раката. Луцифер ме кани на забава. Ќе правел журка. Поканети биле интересни личности. Што да не. Ако е здодевно можам барем да се изрипиам, на се изнаиграм. Или, знаејчи се, ќе најдам партнери за пиење и коцкање. Решив да го опијам грбавиот. Заборавив дали ми кажа како му е името. Не е важно, нема да го носам дома на вечера. Море, како седна да пие. Чобек ќе рече дека одамна никој ништо не го почестил. Ќе го натерам да завртиме зар-два. За да загуби и да мора да се избања. Ако веќе трчка по мене како кученце барем да не ми смрди. Конечно дојде другар ми што загина во војната. Едната од многуте во кои учествував и јас. Кога си бесмртен лесно е да се војува. Чинам дека само мене ме одбегнуваа куршумите. Не сакале да дојдат другите. Едвај добиле дозвола за излез од котелот. Реков јас дека им е страв од Луцифер. правеле муабет дали ќе има давам повеќе слобода ако станам сопственик на пеколот. Неминовно е тоа, но дали ќе добијат поголема слобода не знам и не ме интересира. Се додека не стане мој проблем, друг нека му ја мисли. Ќе имало вечерва жива музика. Бендови. Нормално. Кој би сакал снимка кога сите добри бендови се тука.
Ете кого сакам да видам и чујам. Џим Морисон. И тој знае многу да испие. Будала. Да посакаш да умреш во Париз, Франција. Да ти доаѓа секој копук на гроб, да се слика, потоа да дрка на форографиите. Ужас. Да бев на негово место ќе побарав да ме фрлат во океанот. На најдлабоката точка. Каде што ни рибите не пливаат. Чуму ќе ми се да ме гледа секој. Но, јас сум јас. Сакав самотија и ја добив. Секогаш сам. Пијан, трезен, сам. Кој може да ме издржи подогло. Напорен среќлија. Така мајка ми велеше. Така татко ми рече кога му ја собрав колата на табланет. Не му било лошо во пеколот. Вели дека после се во животот конечно нашол мир тука. И јас ќе се чувствував така да имав син како мене. Другар ми пие ли пие, уште малку и ќе седне да ми плаче. Порано така правеше. Пијан плаче по девојката што го оставила. Се омажи за еден богат. Никако не м влегува во глава што виде во неа. Курва. Оној нејзиниот, мажот, грд, бубуљичав, дебел. Никаков. Ама полн пари. Сите ли женио се исти. Квазимодо почна да ја пее Marian! Чудо како добро го прави тоа. Е за ова заслужува да го налевам додека сум тука. Може и ќе му нарачам некоја девојка. Ем да си олесни, ем да го избања. Убаво е кога те бањаат. Особено за мрзливци како мене. Лежиш во кадата, околу тебе убави девојки, која од која поубава, се трудат да те задоволат. Како султан. Освен ако не е педер. Но, и за таквите ќе се најде некој. Другар ми ме изненади. Фатил девојка од истиот котел, заедно оделе на мачење.
Идиотизам, но, негова работа. Не е мал. Негов избор.
Време да одам назад во дворецот. Нема смисол. Сепак сум му гостин. Да видам што сака и како ја замислува партијата. Плус и да каснам нешто. Волку пиење на гладен стомак не бива. Сигурно има нешто убаво. Ајде, колку повеќе одолговлечувам потешко ќе ми биде одењето назад низ врелината. Деноноќна жештина. Топла вода напретек. Кажав виц. Јас и вицеви. Не ме бива за нив, знам да ги прераскажувам ама не знам да ги измислувам.Ме плесна горештината. Полека се навикнувам. Кавзимодото е до мене. Трчка по патеката. Ми раскажува што каде се наоѓа. Интересно е. Не знаев дека е се поделено на сектори. Сектор за мачење на хомосексуалци, сектор за варење на војници во котел. Сектор за нацисти и посебен дел за евреи. Сектор за коцкари. Тоа ми го задржа вниманието. Ќе одам да ги посетам. Да видам кој се, јас лично, сум го испратил тука. Не знаев дека Џон Квинси Адамс е тука, кај коцкарите. Нели претседател на САД беше. Мислев дека тие не смеат да се коцкаат. Ќе му побарам на Луцифер да ми организира средба со темпларите и масоните. да видам дали навистина едните се предвесници на другите. Тоа подоцна. Сега на ручек и почивка. Ако не ми досаѓа Луцифер со муабети.

Не знам, се прашувам, цар сум, или небидник. Принц сум, но и питач. Питам по меани, пијам и се расправам. Победувам, не губам. Губам само еднаш. Се губам во мемлата и сивилото на пеколот кој сам си го создадов. А се наоѓам во пеколот. Во оној вистинскиот. Одам кај Луцифер на гозба. Ми рече квазимодото дека ќе биде гозба. Посебна. Своевидна, каква што не била видена. Се надевам дека нема да бара да одржам говор. Како што се чувствувам тешко ека ќе биде позитивиен. Од сите пријатели само еден имаше доблест да ми пристапи. Не ми се верува, облекол се тука во ливреја. Убаво ќе беше да не ме гледаа сите збунето. Кој е овој што толку многу моќ има за Луцифер да ги извади од котлите. Од казаните на вечната мака и на ова пеколна жештина да ги облече во ливреја.
Гозбата беше преубава. Крез не служеше. Всушност тој беше maitre’d. А ако некој знае како се гозбува, тогаш тоа е Крез. Од пиле млеко. Се што помислив дека нема, донесоа. Луцифер бил фина личност. Можеби му е здодевно. Сака забава, веројатно. И јас би сакал да сум цела вечност прогонет од рајот. Нели поради тоа беше битката небесна, да се воведе забавата во рајот. Или беше за премоќ? Не знам, пијан сум. Бо дворецот има разладни уреди. Се разбира. Кога си газда, господар, а не слуга, лесно е. Има девојки кои се виткаат во половината. Танцуваат. Не им пречи што јадам како најголемиот гладник. Кој не би. Тука не мораш да мислиш на линијата. Дебелите слабеат, слабите се пополнуваат. Црвенокосата е тука. Штета. Милно ме гледа, а јас и се додворувам. Кадифена кожа. Бисерни заби. Принц за неа, за сите питач за себе. Ме кани со поглед да ја донесам во мојата соба. Секој бара услуга од мене. Јас сум во пеколот гостин. Неверојатно. Гостувам и газдувам. Оазата на мирот и спокојствието се наоѓа на друго место, а јас се чувствувам бедно. Бедник сум. Ќе ја искористам и отфрлам. Зарем не разбират дека се добив, а душата одамна ја ветив на друга. Не на бога, иако е жена. Ниту на синот нејзин. На друга. Не кажувам. Не смеам. Боли.
Гускава е преубава. Замислете, за мене е печена. Онаа која неси златни јајца. Го прашав Луцифер дали не му е криво. Не му е. Сеуште не знам за животот тука, во пеколот. Не може да се умре. Веќе сите се во оној живот, отаде. Колкупати да умрат, живи се.
Ќе има музика. Квазимодото му кажал дека сакам да ги слушам The Doors. Џим е налутен. Место да се забавува мора мене да ме забавува. И тоа го дочекав. Во живо да ги слушам. Замислете да речем дека сакам Бетовен да ми свири. Marcio funebre. Или Бах.
Партијата карти е закажана да се одигра кога мене ќе ми текне. Мислам дека знам зошто. Секоја бара замена, а можеби Луциер сака да се врати горе. Или да шета по светот. Да дели триесет сребреници. Како на Јуда. Искариотот.
Повторно кажав шега. Почнав да станувам шегобиец. А сето ова се одвива во неколку дена. Човечко сметање на времето. Ден година. Не сакам да прашам колку долго е навистина мојот престој тука. Веројатно од тука до вечноста. Нешто помалку.
Џим е прекрасен. Свират. Манзарек ме гледа од зад клавијатурите. Не знаев дека и живите можат да свират. Ми кажа Луцифер дека може накратко да ги позајми веќе одредените за тука.
Сте јаделе ли ноеви јајца печени во босилок, лук и сос од краби. Преубаво. Да не стоеја сите оние надвор, ливреисаните, ќе помислев ека не сум тука. Дека сонувам. Буден. А знам дека сум тука. Ги гледам. Мина многу време. Мина многу познати и за мне непознати лица. Црвенокосата е крај мене и покрај прекорните погледи на Луцифер. Не му се допаѓа што сам и ги бирам друшките вечерни, ако може така да ги наречам. Принц или питач. Коцкар или проклетник. Гозбава без да знам минала. Се чувствувам премногу уморен. Црвенокосата конечно ми се претстави. Не сум знаел дека затоа ја почитувале за животта. Јованка Орлеанка. Поради моќта да го погледен Луцифер во лице и да му се насмее знаејќи дека сепак таму ќе пристигне. И се восхитувам на храброста. Му реков да не се срди. Специфичен сум. Се насмеа. Ми рече да бркам работа, но да внимавам. Била интензивна. Сакала многу, верувала во бога и неговата добрина, а сепак заминала тука. Не и простила никогаш. И јас не би и простил. Да го дадам животот...но, тоа е нејзина приказна.
Колку многу сум пијан. Таа пие ред за ред, чаша за чаша со мене, а не се опијанува. Моќ на духот или едноставно јас самиот. Потсвесно не сакам да се отрезнам. Време е за здравица и почин. Станав и реков неколку слова. Му се заблагодарив на Луцифер на гостопримството, но, се надевам дека ќе ми прости што сепак нема да загубам. Се насмеа. Треба да внимавам. Ни тој нема загубено. Јас имам една предност. Одамна се загубив за да губам. Проколнат сум, но живеам. Добивам се.
Морам да одморам. Не за друго.
Јованка ми се допаѓа премногу. Иако и реков дека никогаш нема да бидам слободен сепак се насмевна и рече дека и таа и припаѓа нејзе. На бога. И покрај се. Ме однесе во собата. Однекаде извади Бушмилс. Ќе пиеме во стил. А јас пијам без лед. Знаќи топол. Иако има. Не знам, така ми текна. Да починам. До утре. Ден година во пеколот. Многумина пристигаат секојдневно. Треба да се видам со новите. Можеби има некој познат. Некој не се плаши да ме поздрави. Не за друго, затоа што е нов. Но, првин а починам, да одморам. Осамен, а со неа, со Орлеанка. Последната девица на витештвото. Моја.

Ме прашаа. Сакам да одговорам, но ме јаде сомнеж. Не знам зошто ме судат. Зарем коцкајќи се со ахриѓаволот не ми дава можност да судам за вербата, за љубовта, за себепочитта? Зарем продавајќи си ја душата на онаа која не сака да ја плати, само да ме има, а ме нема, на која и се давам, не е догма вековна. Зарем живите не знаат каде итаат? Kаде ќе завршат. Не судат за делата кои ги чиниме, како живееме. Како и витезите и девиците, така и земјоелците и земјопоседниците. Сите го сакаме недостигот. Сите го добиваме заслуженото. Освен ако не се коцкаме и не го прокоцкаме. Како јас! Време е да одморам.
...продолжува....
...продолжува....
0 Comments:
Објави коментар
<< Home