Чекам, а ден-година!
Божја милосте, небесна синевино,
ѕвездите безброј, што на небо се ројат,
плачат кога те нема, танцуваат штом те видат,
те чекам, бездруго в прегратка,
сал стравувам, а се радувам,
да не занемам, знам, а чекам,
слово да скршиме, муабет да делиме,
да чујам, да те вдишам, да се загрцнам,
насмеан, како птица в небесна пировина,
како гороцвет в планина,
како сонце светлина,
месечино моја најмила.
0 Comments:
Објави коментар
<< Home