четврток, октомври 20, 2005

Цигарите-легална дрога и отров!


Не знам како да кажам, а да не отидам предалеку во пишувањето, предолго. Ќе се обидам. Ме прашаа околу цигарите, зошто пушам, зошто не ги откажам.
Одговорив малку конфузно, во целата конверзација реков:
Не знам...веројатно баланс...некаков!
Ме прашаа: каков баланс?
Одговарив дека не знам!
Затоа се решив да се обидам да напишам за каков станува збор. Мислам дека нема да успеам. Но, спортски е да се проба. Нели.

Значи, да почнам.

Цигарите, знам дека се отров, еднаш не пушев скоро три месеци, почнав пак, од лудо-глупава причина, иако се чувствував предобро без нив.

Имено, пред неколку години, решив да ги откажам, успеав, три, скоро три месеци не пушев. Но, синот ми се разболе, многу беше болен, на реце го држев три дена, неназаспан, со илјада кафиња во системот за да останам буден, малиот ми беше многу болен. Кога веќе почна срцето да ми чука двесте на саат, ако не и триста, пред колапс, видов цигара, ја зедов, онака, да ја помириасм, не можев кафе да се напијам ниту голтка, ја запалив, ми се слоши, инает ме фати, онака нервозен и ја допушив, малку ме подрасони. Потоа зедов уште една, а таа повлече многу по неа.

Кога сме кај балансот и околу него.

Сенешто сум работел, се било или пренапорно умствено во комбинација со физички премор или физички напорно, а духовно и умствено не, но без можност за интелектуално надополнување. Врзан, за секојдневието, каде често, многу често никако не се уморувам умствено, дури и не го користам целосно дарот за интелектот, од здодевност и навика, цигарата е друштво. Особено кога бев на планина, на граница меѓу две држави, обете опасни и идиотски.
Или кога се влегуваше со НАТО во Радуша, или при police redeployment во други села, каде што често бев првиот македонец во тие села, непријателски настроени кон македонците. Птица на жица, акробат без заштитна мрежа.

Може не е баланс, ама е дополнение, еден вид. Ако она што не те убие те чини појак, тогаш, многу сум силен :)!

Цигарите се дел од секојдневието кое во моментов не е пренапорно, како и кафето.
Одвреме навреме ги чистам градите со планинарење, спорт, режим на исхрана за комплетно чистење на организмот (додуше ниедно не е комплетно, ама помага) од отрови, освен цигарите. Тие се рак-рана која еден ден победува. Сепак, ведрината ми е стил, секојпат има ново сонце, изгрејсонце и не се препуштам на депресиите.
Нервозен, да. Но, поради споствени глупости сторени, брзоплетост која се чука од глава, моја глава, непромисленост, реткост, ама тоа ме држи потоа долго.
Ми беше напоменато моето верување, околу џедајството, околу Силата, Моќта, the Force и како би го толкувал во однос на цигарите.
Силата, верувам во неа и дека што и да се случи, секако знам дека не сум застранил по лош пат, дека сеуште чекорам по вистинскиот, колку поправо можам, а тој никогаш не е прав, како црта, туку има кривини со помали крстопатчиња кои мамат.
Секако не застранувам.
Тие (цигарите) се оној (можеби) баланс, меѓу чистилакот и човечноста оти никој не е безгрешен, никој не може да го фрли првиот камен, а сите сме луѓе. Треба да ги оставам, реков, ако отидам пак, онаму каде целам, ќе ги оставам т.е ќе дадам се од себе тоа да го сторам. Не е тешко, колку и да велат дека е. Еднаш го сторив, ќе можам и по втор пат. Овојпат, само малку повеќе воља и помалку идиотски околности.
Кога ми е досадно, гледам филм, читам книга, пишувам.
Замислете ситуација кога не можеш да пишуваш, читаш и гледаш нешто, а си опкружен со идиоти, необразовани, неписмени, со кои не можеш реално да комуницираш.
Здодевно, а досадата убива.
Знам дека звучам апологетски, ама така вели секој кој нема доволно храброст да се откаже од навикитие. И пијаницта вели дека не е роб на алкохолот, како и наркоманот. Дека може во секој момент да престане, ане престанува.
Зошто е тоа така?
Затоа што се лажеме кога велиме дека можеме, ама не сакаме. Не можеме и не сакаме. Сме почнале. Легална дрога. Цигари, алкохол.
Но, муабетот ми е за цигарите.
Потешко е од нив, отколку од хероин. Бидејќи за тешките дроги има институции, cold turkey третмани, во посебни клиники, а околу цигарите и за нив нема. Освен сами ако не си се посдтавиме така. Но, како и алкохоличарот, наркоманот, така и пушачите, оние кои пушат од навика и потреба развиена од навиката е мошне тешко самите да се стават на cold turkey или "сув третман". Бара воља, мир, спокојство, поддршка, разбирање од околината. Како и околу дрогите и алкохолот, и кај цигарите има момент на криза, на дебаланс, на нервозни реакции, на бунтување, слабост (физичка и психичка), а за да се спречи рецидив, повторно враќање кон порокот, нема затворени соби со гумени ѕидови, туку самосвест, жртва.
Всушност, поголем порок и легална дрога од цигарите нема. Барем јас знам, пушам одамна. И како спортист, мошне активен, но и како неактивен, одвреме-навреме активен.
Но, секој од нас има скирен дел од Силата која може да не води, да помогне. Потребно е таа да се открие, да се препознае, прегрне и да се разбуди бидејќи е во нас, сокриена, во дормантна состојба. Штом тоа се случи решението и спасот е близу.

Сеуште пушам цигари, се трујам, со надеж дека наскоро ќе ја најдам Силата, во мене, онаа која ми е потребна и ќе престанам.

4 Comments:

At 2:13 попл., Anonymous Анонимен said...

пуши си и уживај

 
At 4:14 попл., Anonymous Анонимен said...

Ти можеж да пушиш кур и ништо друго со здравије пушењет кога ке ми го испушишн јави ми се.Поздрав за пушачот на куриња да ти кажам дека еден ден ке станеш и ти самиот кур

 
At 11:30 претпл., Anonymous Анонимен said...

lelelelelelee kakov koment si dobil ...ke ostane li ziv toj ako go znaesh?

 
At 8:17 попл., Anonymous Анонимен said...

Zdravo :)
Potpolno te razbiram na temata pushenje. I jas pusev do pred 2 godini, no togas se razbolev, sipanici po vtorpat. Doktorot mi rece deka toa se javuva poradi slab (pre-slab) imunitet, i zatoa morav da prestanam. Bev na infuzija so vitamin C, 10 dena po red. Se izraduvav na zabranata, no samata prethodno probuvav mesec dena da prekinam. Ovojpat, so nova metoda. Problemot bese vo toa sto decko mi pusi i sekogas ima cigari i.. Sekojpat koga toj ke zapalese cigara, a bevme na odmor 3 nedeli, celo vreme cigara po cigara, znaes, od dosada. I toj ke zapali i mene me tera. I resiv da probam po obraten pat. Ke se smees, se sekavas kako se pocnuva so pusenje, povlekuvas, kaslas, ti se losi - poveke pafkas otkolku sto vovlekuvas :) taka i jas, znaci cel mesec ke zapalev cigara i dodeka decko mi zbori, jas isto so zapalena cigara se koncentriram da ne vovlekuvam, zemam ja polnam ustata i go ispustam cadot vednas.. Nema da veruvas kakov bese efektot na krajot, se naviknav da pafkam i ke zaboravev da vovlecam. I efektot na kraj, e vo toa sto sega ne e vazno dali nekoj pokraj mene pusi (izbegnuvam dim) no ne me tera da zapalam cigara :)
Probaj, vredi da se proba :) Nikoj ne primeri deka pafkav :)
I sekako, tie 10 dena so infuzija na vitamin C i te kako mi ja vratija energijata, bev (sporedeno so toa kako se osekav posle cigara, iskreno cigarite te teraat da mislis podepresivno, ednostavno donesuvas poinakvi odluki kako pushac otkolku kako nepusac), znaci bev pojaka i vitaminot C isto mnogu pomogna.

Mngou sreka ti posakuvam najiskreno da uspees!!! :)

Pozdravi
Draga

 

Објави коментар

<< Home

Guestbook
Your name? **
Your suggestions for improving my homepage:
Is this your first visit to my homepage?
Yes
No
This message is private