четврток, октомври 13, 2005

Asinus asinum cupit - Culpa Macedonica!


Не плукам, не мразам, ама апсолутно знам дека сум на повисоко стојалиште од сите таканаречени sрбенди, четници, учки, усташи, врховисти, потурици, егзархисти...да нe редам, многу има, a мнозина тоа го прават. Има обвинувања за србенди, србомани, бугарофили...Не треба да се бара далеку вината за тоа и состојбата во која се наоѓаме.
Нејсе.
Eдна работа забораваме. А тоа се две, (да парафразирам едно драго пријателче, т.е три), национална идеја, национална свест и идентитет.
Кога сме кај првото, да се осврнам накратко на јужниот сосед, Грција.
Метаксас, кога доаѓа на власт, ја формира мегало идејата, т.е идејата дека се што е античко, е грчко и дека Грција мора да се обедини и опстои по секоја цена на три мориња. Значи, има идеја, формира свест и се бори за формирање и втемелување на таа свест со цел создавање на идентитет, кој претходно го немаат. Следствено, идејата фаќа длабоки корени (погроми, колења, расселувања...), и сеуште постои. Историјата ја присвојуваат, од програмата не отстапуваат ниту ден денешен. Кога ќе се искараат, закрват да не речам, партиите во Грција, кои се со спротивставени ставови и дотераат до таа мера да се задре во мегало идејата, претседателот и телото формирано за таа цел ги свикува како ученичиња и им посочува дека забегуваат. Потоа се смируваат. Забележете, дневнополитичките препукувања се исти како кај нашиве копуци, ехем, политички копуци that is! Но, за разлика од кај нас, онаа, идејата, која им е водителка и кога беше кралот и хунтата која го набрка и тн. е таа од која не отстапуваат и без оглед кој е на власт, таа ја следат. Слично, но далеку понеписмено тоа го прават и Болгарчетата, со нивната стогодишна, речи илјадагодишна концепција за Бугарија до Епир и Ловќен!
Уште понеписмено таа се пропагира од страна на оние, популарно наречени срби (servus-servus, lat. слуги, сербус, серби, срби етимолошки развој на името т.е. називот).
Албаниците, за разлика од овие погореспоменатите, немаат своја идеја, ним им е наметната, вештачки создадена од страна на тогаш велесилата Франција и делумно потпомогната од Англија, со идејата за нивно постоење како нација, народ, со идејата за формирање на тн. Призренска лига. Оттогаш наваму, идејата за Shqiperia tё Madё стои, опстојува, со тоа се раѓаат, будат секојдневно, умираат.
Кај нас, за жал, формирањето т.е обидот за формирање на нацинална идеја умира со распадот т.е. уништувањето на солунскиот огранок на ВМРО! Потоа, согледувајќи ја опасноста од развивање самосвест кај македонците, нашите доблесни браќа серби и болгари, а во сојуз со (на србите) вековните пријатели во заедничката кауза - грците и во мака поради заедничка цел - болгарчетата, од петни жили се обидуваат и успеваат да го уништат во зародиш секој обид за повторно воспоставување на национална идеја, со цел формирање свест и себеидентитет или себепознание, на многуи перфидни и интересни начини. Атентати, кодошења, инфилтрации, извитоперување на историја, учебници...итн. Исто така, егзархијата испраќа учители, Србија испраќа учители, грците забрануваат се освен грки јазик, азбука и учебници.
Знам, прабаба ми е родена во Кратово поради тоа што татко и, србин, отишол да шири српско слово меѓу, испуштените им од раце, македонци.
Охрид, велат болгарите, е: центарот на болгарштината.
Тоа, до 1941-1945.
Тогаш, група ентузијасти (еден од нив дедо ми), да не речам будалетинки патриотски, решаваат да се кренат на востание. не се тоа револуционери комунисти, туку патриоти кои креваат востание, за обединување под една капа на македонските територии од искона.
Потоа, повторно, со инфилтрација, а задоени од лажни ветувања, се префрла движењето под КПЈ и немакедонецот Лазар Колишевски, кој комотно го минува НОБ во затвор, мазен и пазен од болгарските окупатори.
Колку за оние кои не знаат, кога се гласа за уставот на Југославија, Ченто излегува и на прашањето од Тито каде оди, одговара дека оди да испуши една цигара. Налутен, навреден од односот кој се покажува кон Македонија и недозволувањето армијата да продолжи на југ и исток со цел, во турбуленцијата на повоениот период, веднаш по војната во Југославија, да се обедини Македонија и македонскиот народ.
Знаеме како заврши неговата приказна.
Потоа, повторно, негирање на идентитетот од страна на подлизурковци поставени на важни места и позиции од страна на централата во Белград, во Македонија, со погрешна историја постојано сервирана на македонците. Со измислување на херои и хероизирање грешни личности. Долга и широка тема.
Да привршам расказов, бидејќи, несакајќи, во тоа прерасна, расказ.
Дојде 1991, повторно не се роди идеја, национална, свест и идентитет. А без тоа нема нација, народност, принзание. И таа идеја се создава еднаш, на неа нема амандмани, менувања, се следи, слепо, покорно, без оглед на моментните и краткорочни препки, до нејзино конечно остварување за да потоа се одржува со нејзино паметење. Таа треба да е план, илјадагодишен најмалку. Но, реков, ја немаме, наместо тоа имаме сервирани, секојдневно, разноразни погрешни дневнополитички збиднувања како наша историска цел и определба.
Кое НАТО или ЕУ како наша историска определба кога немаме кај самите нас, самосвест, идентитет, гордост, идеја, државност освен на хартија?
Сe додека имаме разни ...фили и ....мани, а немаме самосвест и национален плани и идеја, ништо не правиме.Дотогаш ќе се идентификуваме со други и китиме со туѓи перја, а зошто секогаш со погрешните? Затоа што сличното на слично прислегнува или asinus asinum cupit!Македонија на македонците, под еден превез, знаме и свест, горда земја библиска, светост световна, но, обезглавена од сопствениот внатрешен предател.
Еден македонец-комита, двајца, комита и војвода, тројца, комита, војвода и кодош! Или, кој ти го дупна окото? Брат ми! Затоа ли е толку длабока дупката.
Реков и со тоа ќе завршам. Идеја немаме, како сакаме да имаме свест, жар и потреба за борба?

Culpa Macedonica!

Guestbook
Your name? **
Your suggestions for improving my homepage:
Is this your first visit to my homepage?
Yes
No
This message is private