среда, октомври 12, 2005

Скопје -градот убав...или не


Скопје! Градот убав. Градот на солидарноста. Умре. Слава му! Вечнаја памјат! Градот е мртов, да живее Скопје!

Се сеќавам, како дете, игравме фудбал на пракинг позади зграда, имаше едвај еден ред автомобили. Сега, имаме комшија кој фрла шприцеви на паркинг, автомобили во 7 реда, пластични ќеси полни со ѓубре, обични ќеси полни со ѓубре, ѓубре кое испаднало од ќесите. Моч, лајна, реа пеколна се шири, миризма адска кога одам по автомобилот, плашејќи се да не ми падне на глава пепељара испуштена од ревматичната рака на некој старец, комшија, кого го здомрзело да оди до кујната или каде веќе не го чува ѓубрето. Скапани патлиџан, остаток од влерашниот или завшерашниот ручек, средел лето ужегнатата салата на некоја едра домаќинка, през зимата киселиот купус, подварокот кој се расипал. Понекој презерватив, полн, поднаполнет, незаврзан, влошка (бинда) крвава...

Градот убав кој беше разрушен во 1963-тата, а се воздигна од пепелта на катастрофата преку визијата на Кензо TАНГЕ, a со здружените сили на братските народи. Би рекол, убава перспектива и показател дека човечноста не е сеуште умрена, но, понекогаш е подобро да се остави пациентот да умре, а Скопје е пациент кој беше на смртната постела, град на кој се чекаше да му се заклопат очите, превезот да се спушти. Еутаназијата ќе беше помилосрдна за Скопјаните кои преживеаја.
Вака, оставени, на немилосрдието на доселениците, дојденците кои ги продадоа нивите и со своите нецели три години образование решија својата некултура да ја донесат, имплементираат, озаконат. Некултурата која за мнозинството, а дојденците станаа мнозинство, претставуваше way of life кој не смее да се промени.

Ех, Скопје, Скопје! Каде си Скопје? Во која небиднина отиде, замина. Град беше, селендра постана, остана. Што ли ќе остане откако и последниот човек-граѓанин ќе замине?
Камен на камен, сељак до сељак, а ОД ГРАДОТ ПЕПЕЛ!

Ќе се гради бесправно, ќе се рушат на правда легални градби! Ќе дивеат ордите малоумни по парковите и зеленилата, додека скопјаните чмаат по домовите, немајќи каде да се втераат и каде да побегнат оти никаде не е како дома, а дома смрди! Смрди и на друго место, можеби повеќе, можеби помалку. Но, како дома, никаде толку не ни смрдело. Одамна.

Guestbook
Your name? **
Your suggestions for improving my homepage:
Is this your first visit to my homepage?
Yes
No
This message is private