вторник, октомври 11, 2005

"Тие живеат, ние спиеме" или Република Банана-Сплит


Еден ден ќе се разбудиме сите ние и ќе видиме дека одамна сме граѓани на република Банана-Сплит (ова Сплит со дозвола од Република Хрватска, бидејќи е нивен brand name) со топка сладолед кој вртоглаво се топи од жешките зраци на сонцето, она со кратени зраце т.е. зраченца, осумкракото, вентилаторот. Ќе сфатиме и дека попусти биле нашите сништа за државност, традиција, историја и дека се она што сме го иссониле во нашиот долгометражен сон е само една лага, лага на која и се прекратки нозете, сместена некаде во нашата мошне краткорочна меморија. Сон усниен во рем фаза, за подоцна, наспани, одморени, братски и здружно да отвориме очи, да се напиеме едно наше, "турско кафе", за здравје, велат, убаво било. Со локум, слатко да ни биде на душава. Нели се стопи сладоледот, бананата е јужно овошје, мора со дозвола да се увезе од соседите наши, насушни, од чија добрина и коњите пцојсуваат.
Имено, ова нашево ме потсеќа на еден краток расказ од Стивен Кинг, "The ten o'clock people", потоа филмуван во филмот на Џон Карпентер, "They live" и славната реченица: "They live, we sleep" која толку добро ја отсликува нашава состојба. Додека ние спиеме, сонуваме напати со отворени очи, напати со затворени, тие, живеат, работат, полека успеаваат бидејќи ние, во нашиот сон, кошмар за некого, полусон за другите попуштаме. Исто како во филмот, така и кај нас, оние, баш тие кои најмногу би требало да не отворат очи, не спијат, работат, ама со нашите непријатели. Повластена структура која не залудува, заблудува.
Тие живеат, ние спиеме. Ни кафето не го викаме наше, македонско кафе, ами турско кафе. грците и тоа го нарекуваат нивно, грчко кафе. Да, ама тие не спијат со отворени очи.
Ништо не било наше. Ниту знамето кое сами си го дадовме, никој не ни го открадна. Ни уставот. И тој самите го дадовме. И расколните попови ќе ги дадеме, заедно со црквата. И Свети Наум ќе го дадеме на Албанија. Не од друга причина, ами затоа што тоа од нас беше побарано, а ние, како распуштеница, не знаеме да кажеме НЕ.
Барем да бевме курва, па скапо да наплатевме.
Не вака, гага!
Но, да се навратам на проблемот.
На крај на филмот, главните јунаци загинуваат! Од пријателката. Таа ги предава.
Но, во последен момент успеаваат да ја разбијат машината која ги држеше под покорност, во залуденост, заблуденост, полусон, сон, длабок сон.
За жал, кај нас јунаци нема, особено не главни. Спијат. Сонуваат. Во Парламентот. Удобно им е.
Затоа, на крај, ако не побрзаме и Хрватска ќе ни го заврти грбот и со право нема да ни дозволи да се нарекуваме Република Банана-Сплит, поради Сплит, а да не речеме некој друг, кој полага право на името Банана.
За зборот Република се знае дека доаѓа од латински Res Publicum, збор на кој Италија полага право.
Сепак, не смее да се очајува, барем се наспиваме. Најнаспана нација сме во свет.
Нација која има гордо име: Поранешна Југословенска Република што имаше желба да се вика Македонија, ама не и дадоа!

Guestbook
Your name? **
Your suggestions for improving my homepage:
Is this your first visit to my homepage?
Yes
No
This message is private