сабота, октомври 15, 2005

11.10.2005 - концерт на Симон Трпчевски

Ајде да лавнам повторно и лавежот да биде громогласен бунт против квази културата, поточно никаквата култура кај нас.

Имено. Да не должам.

11 октомври, ден на кој македонските револуционери и патриоти се кренаа на бунт против фашизмот.

11. октомври, ден, долго чествуван во Македонија на разни начини, прославуван и овојпат, на своевиден начин, достоинствено.

Всушност не ми е муабетот за 11 октомври или неговите прослави. Муабетот ми е да пролаам малку за (не)културата македонска, културата која сите на хартија ја цениме, а во реалноста сме подолни од кољачите во Руанда, неписмените во shanty towns-ите во рурална Африка.

Зошто вака велам.
Едноставно.

Да се навратам на 11 октомври оваа година и што се случи на тој ден.

Се случи чест кон Македонија од страна на нашиот најреномиран пијанист, Симон Трпчевски, кој реши да не чествува со свој настап, во Универзалната сала, со изведба на дело од Рахмањинов, концерти за клавир и оркестар, бр. 3, опус 30, со кој, како амбасадор на македонската култура и музика и амбасадор, своевиден, на Македонија, во Њу Јорк треба себе си, а и нас да не претстави.

Реши и веројатно се покаја што така одлучи.

Свиреше во Универзалната сала на стар клавир. На скапаница клавир. Стенвеј, ама скапаница. Да не почнам околу состојбата со прастарата и единствена сала која ја имаме, а може да се користи (некои мислат вечно) за слични манифестации. Руина од сала, неакустична, никаква. Но, за неа другпат.

Нејсе, Симон, каде и да настапува може да побара и да бара, каков сака клавир и од каде сака да му биде доставен. Побара, замоли, од Република Македонија, да му овозможи да свири на еден од двата (да се разбереме, држава сакаме да бидеме, рамо до рамо со останатите, а имаме два Стенвеја, не повеќе, не помалку, два) Стенвеј клавира.

Секоја друга држава би била горда што има за свој припадник, уметник од калибарот на Симон Трпчевски. Секоја, освен Македонија.

Реков, кај и да има концерт, може да побара соодветен клавир, освен тука. Зошто?

Затоа што, нашиве, љубоморно сеуште се држат до поговорката: да му умре козата на комшијата! Љубоморни на постигнатото и достигнатото на некој друг, наш ближен, сонародник, не му дозволија под лажен изговор (а знам, имам дома дипломиран музичар) дека не може да се транспортираат до универзалната сала, бидејќи бараат special handling. А имаме човек кој е апсолутно квалификуван за таков транспорт. Имаме повеќе (ме исправаат во моментов). Стручни лица за транспорт.

Нејсе, наместо да сториме се во наша можност да му обезбедиме барем квалитетен клавир за концертот кој премиерно ни го отсвире, ние сторивме се само тоа да не се случи.

Се вадеа изговори, вакви, онакви.

Како да не сакаме да си признаеме дека: или сме килави или љубоморни или не сакаме да имаме квалитет туку медиокритет и се гнасиме од секој оној кој отскокнува од зацртаната средна вредност на категријата македонец-овца, овчичка.

Чудно, некој кој е поканет да свири по светот, ценет, за кој се грабаат, ние да не му дадеме солиден клавир. Ајде, да речеме да немавме, некако. Но, и тогаш се изнајмува од соседна држава. Ама ние имаме, не еден туку два. И не ги даваме, за да можат татините и мамините синчиња и ќерки (моја шпекулација) да мастурбираат аудио-метално со невештите прсти по клавишите/дирките.

Срамота.

Плус, ја наполнивме Универзалната сала со еден куп неталентирани, немузички образовани, турбо фолкери (чест, секоја чест на исклучоците) на кои треба повеќепати да им се напомене дека ова не е концерт на Цеца и дека треба и мора да бидат исклучени мобилните телефони. Немам проблем ако некој не се разбира, немеа талент, но сака да слуша, дури немам проблем ако некој сака да "биде виден", бидејќи така е ред. Дури и ако заспие на милозвукот потечен од прстите на Симон или некој друг уметник од светски ранг.

Но, имам проблем, и сметам дека секој треба да го има мојот проблем, а тој е, кога се случува настан од таков вид, мора да се обезбеди се со цел тој настан да мине на највисокото можно ниво, со исклучени мобилни телефони, се разбира.

Туку, што лаам беспотребно.

Одете, вклучете мобилните, разговарајте додека некој свири. Само ги молам истите, претходно да не го вадат кромидот кој им ѕирка од г'зот.

Успеавме да ја редефинираме старата и вистинита македнска поговорка: "да му умре козата на комшијата" во "да умре комшијата на козата", та нели, сиромаштија е, транзиција е, а козата, вака или онака, дава млекце, за попара, дробена со истиот тој кромид истгнат од чмарот на "видениот" културен,но и мобилен присутник на збиднувањата или од оние што не ги дадоа клавирите.

Резил.
Или има некој што не се сложува со мене?

Guestbook
Your name? **
Your suggestions for improving my homepage:
Is this your first visit to my homepage?
Yes
No
This message is private